УЕФА забрани руската репрезентација да им оддаде почит на загинатите деца

УЕФА не ѝ дозволи на руската фудбалска репрезентација на вечерашниот натпревар против Велс да се појави на теренот со црна лента во знак на жалост за трагично загинатите деца во Република Карелија.

Капитенот на руската репрезентација Василиј Березуцки изјави претходно денеска за „Матч ТВ“ дека по трагедијата во Карелија рускиот тим сакал да игра со црни ленти. Натпреварот од третото коло од групната фаза ќе се одигра во Тулуз од 21 часот. За да може да се пласира понатаму Русија мора да победи во овој меч, затоа што засега има само еден бод од нерешениот натпревар што го одигра против Англичаните (1:1).

Во бура на езерото Сјамозеро на северозападот на Русија, во републиката Карелија настрадаа 13 деца, додека по уште едно дете се трага. Хоспитализирани се 10 деца,  пишува „Лента.ру “.

Покренатa е кривична постапка, а пет лица се приведени. Кампот во кој престојуваа децата е затворен. Во Москва и Карелија денеска е ден на жалост.

Децата заедно со инструкторите (47 деца и 4 инструктори) тргнале на крстарење по езерото со три чамци, кога ги зафатила бурата во која се превртеле 2 чамци, а третиот стигнал до брегот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња