„Бидејќи санкциите ќе биде продолжени за шест месеци, потребна е дискусија за да се сфати дека, ако има конкретен напредок, ќе може да се направи чекор напред. Но за тоа треба да се исполнат условите, Русите и Украинците треба да го реализираат својот дел од работата во спроведувањето на „Минската спогодба“, пишува „Взгљад“.
Тој истакна дека дискусијата е пожелно да се води веќе на следниот самит, кој ќе се одржи на 28 - 29 јуни.
„Јас би сакал, почнувајќи од овој состанок на Советот на Европа, да се одржи дискусија за резултатите од работата во “, реализацијата на „Минската спогодба“, дискусијата за продолжување на санкциите, но и за тоа што треба да правиме ако има напредок. И ако успееме да дадеме охрабрувачки сигнал до едните и другите, тоа може да биде корисно“, изјави шефот на француската дипломатија.
„Денес не се исполнети условите за укинување на санкциите, „Минската спогодба“ не се реализира. Има напредок, но не доволно. Сакам на следниот состанок на Европскиот совет, затоа што соодветноста на овие санкции ќе се утврдува на ниво на шефови на држави и влади, ние не сме задоволни со автоматско продолжување на санкциите за шест месеци, да се одржи дискусија, за да можат францускиот претседател (Франсоа Оланд) и германската канцеларка (Ангела Меркел) да објават дека тоа го сторил „Нормандискиот формат“ за напредокот во спроведувањето на договорите Минск“, изјави Ејро.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче