МНР Австрија предлага шема за укинување на санкциите против Русија

Министерот за надворешни работи на Австрја Себастијан Курц ја повика Европската унија на постепено укинување антируските санкции.

Министерот за надворешни работи на Австрја Себастијан Курц ја повика Европската унија на постепено укинување антируските санкции, соопштува каналот ORF TV.

„Сметам дека треба постепено да дојдеме до таква состојба на нештата при која за секое исполнување на „Минската спогодба“, за секој чекор како замена последователно ќе се укинуваат санкциите“, изјави шефот на австриската дипломатија, потенцирајќи дека дошло време „да се направи значителен чекор во пресрет на Русија“.

Според зборовите на министерот, во ЕУ веќе се водат дискусии за тоа дека мерките против Русија се погрешен пат.

Курц исто така изрази надеж дека Русија, од своја страна, ќе ѝ излезе во пресрет на Европа.

Важноста на санкциите против Русија истекува на 31 јули. За Унгарија, Кипар, Грција, Италија и Словачка се смета дека се омекнување или целосно укинување на санкциите на ЕУ.

Според медиумите, прашањето за продолжување на рестрикциите ќе се дискутира на 21 јуни на средбата на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња