Медиум: Изолацијата на Русија не функционира

„Казнената изолација“ на Русија нема да донесе полза, пишува „Гардијан“, коментирајќи ја ситуацијата во светлото на неодамнешната одлука на Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) да ги исклучи руските атлетичари од Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Од гледна точка на авторот на статијата Мери Дежевски во „Гардијан“, „хор од гласови“ на Запад ќе го поддржи овој чекор, зашто ќе ја научи Русија на „добро однесување“. Сепак Дежевски дополнително објаснува зошто ова мислење е погрешно.

Иронијата се состои во тоа што оваа одлука ја донесе Себастијан Коу – олимпискиот шампион кој во 1980 година одби да ја поддржи Маргарет Тачер во нејзината намера да ги бојкотира Олимписките игри во Москва.

Тогаш поради одлуката на СССР да навлезе со војска во Авганистан, од учество во Игрите се откажаа спортисти од десетици земји. Како што истакнува Дежевски, забраната за учество во Игрите во Рио за Русите ќе биде како неочекувано потсетување на тој бојкот, за што во Русија негодуваат до ден-денес.

Во 80-те години таквите како Коу повикуваа да не се меша спортот со политиката, а во сегашната ситуација може да се тврди дека забраната на ИИАФ е наводно поврзана со исклучително со спортот.

Сепак за Русите разликата меѓу двете Олимпијади ќе биде помалку очигледна, истакнува колумнистот. Кога Путин ја нарече одлуката на ИИАФ нечесна, тој зборуваше од името на многу граѓани на својата земја.

„Русите го перцепираат тоа како дел од општиот демонстративен презир од страна на Западот, кој ги вклучува во себе не само санкциите поради украинските настани, туку и сите навреди кои Владимир Путин ги наброја уште во 2007 година во текот на неговиот минхенски говор – за проширувањето на НАТО и за одбивањето на Западот, од негова гледна точка, да се однесува спрема Русија како спрема еднаква на себе“, објаснува таа.

На тој начин, никаква полза нема да донесе политиката на „казнена изолација“. „Дојде време да се обидеме со друг пристап“, заклучува Дежевски.

Претходно ИААФ соопшти дека руските атлетичари можат да се пријават за учество во меѓународни натпреварувања доколку докажат дека не употребуваат допинг и притоа ќе настапуваат под знаме кое не е руско, пренесува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња