Кремљ: Засега нема предуслови за средба на „Нормандиската четворка“

Предуслови за средба на лидерите на „Нормандиската четворка“ (Русија-Украина-Франција-Германија) за Украина засега нема, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

Претходно весникот „Штутгартер Нахрихтен“  објави дека германската канцеларка Ангела Меркел има намера да организира нова средба со претседателите на Франција, Русија и Украина за прашањето на „Минската спогодба“. Соговорник на изданието во германските владини кругови тврди дека минатата недела наводно советници на лидерите на земјите-учеснички во „Нормандиската четворка“  се состанале во Минск.

„Во смисла дека, несомнено, сите земји на „Нормандиската четворка“ би сакале да се одржи таков продуктивен состанок, тоа е точно. Од гледна точка на тоа дека засега  нема предуслови за таков состанок, тоа не е точно. Предуслови би можеле да произлезат само во случај украинската страна да демонстрира подготвеност за преземање на чекорите кои се јасно наведени во „Минската спогодба“. Засега, за жал, ваква подготвеност не е покажана, и без било какви видливи изгледи за резултативноста од одржувањето на состаноци на највисоко ниво, се разбира, е малку веројатно“, изјави Песков, коментирајќи ја информацијата за подготовка на средба на лидерите на земјите од „Нормандиската четворка“.

Одговарајќи на прашањето дали ќе се одржи таква средба до самитот на НАТО што ќе се одржи во Варшава на 8-9 јули, Песков истакна дека „засега нема никакви предуслови за тоа“.

Последните преговори на „Нормандиската четворка“ се одржаа на крајот на мај. Тогаш лидерите на Русија, Германија, Франција и Украина ја потврдија приврзаноста кон „Минската спогодба“ и поддржаа воведување на полициска мисија на ОБСЕ во Донбас, пишува РИА „Новости“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња