Германски медиуми: Штајнмаер праќа лажни сигнали до Кремљ

Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ го обвини министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнмаер дека испраќа лажни сигнали до Кремљ и ги зголемува надежите кај руските власти дека Западот е склон кон политиката на помирување, како и дека се однесува како „московски пропагандист“.

Нападите на весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“  врз шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер се предизвикани од неговата неодамнешна изјава за „гласно ѕвечкање со оружје“ на НАТО поради воените вежби во Источна Европа.

Според мислењето на Колер, острите критики за маневрите на НАТО „ги превртуваат сите факти од нозе на глава“ и му даваат на Кремљ надеж дека Западот е склон кон политиката на помирување.

„Би сакал да ги протријам очите. Поради воените вежби на територијата на источните земји-членки „гласно да штракаат со оружјето“, поради „воените повици“ и „затегнувањето“ на ситуацијата одбранбениот сојуз на НАТО беше обвинет не од руски, туку од германски министер за надворешни работи“, соопштува Бертолд Колер.

 Според неговите зборови, слични изјави може да изнесе само „московски пропагандист“ кој намерно ги „украсува“ тврдењата дека за влошувањето на односите меѓу Русија и ЕУ е виновна Алијансата. Според мислењето на новинарот, причината за „заладувањето“ во суштина е кршењето на принципите кои со децении ги обезбедуваат мирот и стабилноста во ЕУ.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња