Тимошенков загинал запирајќи автомобил полн со експлозив кој се движел кон местото на раздавање на хуманитарна помош за цивилите во провинцијата Хомс.
„Наредникот Тимошенков Андреј Леонидович запре автомобил полн со експлозив отворајќи оган од огнено оружје. При експлозијата на автомобилот управуван од бомбаш-самоубиец Андреј се здобил со фатални рани“, го пренесува РТ на руски соопштението на министерството.
Според податоците на Министерството за одбрана на Русија, воените лекари во авиобазата „Хмејмим“ повеќе од едно деноноќие се бореле за животот на војникот, меѓутоа на 16 јуни Тимошенков починал од здобиените тешки повреди.
„Наредникот Тимошенков Андреј Леонидович од страна на командата е предложен за државно одликување посмртно“, додадоа од рускиот одбранбен ресор.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче