Министерствата за одбрана на Русија и САД разговараа за Сирија

Министерството за одбрана на Русија и Пентагон разговараа за активностите на руската авијација во Сирија.

Прашањето за воздушните напади против наводно сириската опозиција во јужниот дел на земјата во областа на Ал Танф беше дискутирано во текот на видео-конференцијата што ја одржаа претставници на Пентагон и на Министерството за одбрана на Русија. „Страните одржаа видео-конференција по повод нанесувањето воздушни удари на 16 јуни од страна на руските сили во реонот на Ал-Танф врз  силите на сириската опозицијата која спроведуваше таму операции против „Исламската држава“ се вели во соопштението на американското министерство за одбрана што го пренесува „Комерсант“.

„Претставниците на Министерството за одбрана на САД побара одговор од Русија за својата загриженост. Страните ја нагласија потребата од подобрување на мерките за оперативна сигурност и избегнување на инциденти и недоразбирања во воздушниот простор на Сирија“, изјави портпаролот на Пентагон.

Претходно Пентагон изјави дека позициите на бунтовниците поддржувани од САД на 16 јуни биле подложени на воздушни напади од страна на Русија, и покрај важечкиот прекин на огнот во земјата. Изјавата дојде по изјавите на претставници на Кремљ дека мирот во Сирија го попречува соработката на умерената опозиција со терористичките групи.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња