Медиум: Можното учество на Русија на ОИ 2016 под знак прашалник

Германскиот неделник „Шпигел“, повикувајќи се на сопствени извори, соопшти дека целата репрезентација на Русија може да биде суспендирана од Олимписките игри 2016 кои ќе бидат одржани во Рио де Жанеиро.

Одлуката за тоа дали во целост да биде отстранета руската репрезентација од учество во Игрите или во најмала мера да не дозволи учество на руски спортисти во одделни спортски дисциплини може да биде донесена на седницата на Меѓународниот олимписки комитет која ќе биде одржана во Лозана на 21 јуни. Конечниот дневен ред на седницата ќе биде одреден од шефот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, пишува германски „Шпигел“.

Сепак, според изворите на „Шпигел“, Бах првин ќе разговара за ситуацијата со Владимир Путин, со кого има пријателски односи.

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков подоцна изјави дека Кремљ не е запознаен со таквите планови, пренесува РИА „Новости“.

Како што истакнува германскиот магазин, ако од учество во Олимписките игри во Рио биде отстранети не само руските атлетичари туку и руските претставници на други видови спорт или целиот Национален олимписки комитет на Русија, тоа ќе биде „историска одлука“.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња