Шојгу по налог на Путин разговараше со Асад

Претходно Шојгу изврши инспекција на руската војска стационирана во авиобазата „Хмејмим“.

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу по налог на претседателот на РФ Владимир Путин имаше разговори со претседателот на Сирија Башар Асад, соопштува Министерството за одбрана на Русија.

Рускиот министер и сирискиот лидер дискутираа за прашања од воена и воено-техничката соработка, како  за соработка во рамките на борбата со терористичките групи кои дејствуваат во Сирија, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.

Претходно Шојгу, исто така по налог на претседателот Путин, изврши инспекција на руската војска стационирана во авиобазата „Хмејмим“.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња