Сергеј Иванов: Не мора да брзаме со укинувањето на санкциите

Шефот на администрацијата на Кремљ Сергеј Иванов призна дека не би сакал наскоро да бидат укинати антируските санкции.

Шефот на администрацијата на Кремљ Сергеј Иванов во интервју за водителот на емисијата „Вести во сабота“ Сергеј Бриљов призна дека не би сакал наскоро да бидат укинати антируските санкции.

Спорен него, санкциите, се разбира, нанеле огромна штета, провоцирајќи пораст на цените. Но сега веќе ситуацијата веќе не е толку опасна како пред една година, истакна шефот на администрацијата на Кремљ, пренесува РИА „Новости“.

Истовремено, тој наведува дека во моментов две третини од приходите во буџетот, не од нафтената, туку од одделни индустрии, на пример, како што е хемиската, растат за 30-35% годишно. Според него, тоа е џиновски напредок.

„И сето тоа во голем дел благодарение на санкциите“, изјави Иванов. Тој истакна дека доколку Западот ги укине санкциите, Русија веднаш ќе ги укине и своите возвратни мерки. „Лично би сакал против нас да останат подолго, да не бидат укинати побрзо. Тоа е моето лично мислење“, потенцираше Иванов.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња