Москва ќе одговори реципрочно на дејствијата на НАТО со цел зајакнување на источната граница на Алијансата, изјави за РИА „Новости” заменик-секретарот на Советот за безбедност на Русија Евгениј Лукјанов.
„Тако што нема потреба за загриженост. Тоа ќе биде адекватен, ефикасен и евтин одговор”, изјави Лукјанов на маргините на Петербуршкиот економски форум.
Претходно министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО претходно се договорија да распоредат четири мултинационални баталјони во трите балтички земји и Полска. Поголемиот дел од контингентот ќе го сочинуваат војници од Германија, Велика Британија и САД.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче