Руската спортистка Елена Исинбаева, олимписки шампион во скок со стап, изјави дека руските спортисти веќе не се надеваат дека ќе учествуваат на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Вчера Советот на Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) ја потврди суспензијата на Серуската атлетска федерација, што значи дека на сила останува исклучувањето на руските спортисти од меѓународни натпреварувања. Во вторник, 21 јуни, Меѓународниот олимписки комитет ќе има специјалната седница на која ќе дискутира дали некои спортисти заслужуваат индивидуален пристап или треба да ја сносат одговорноста за сè.
Според мислењето на Исинбаева, оваа седница можеби и дава некаква шанса, но секоја одлука мора да се усогласи со ИААФ, која тешко дека ќе го промени за три дена својот став.
„Јас, се разбира, верувам во чуда, но во овој момент не гледам дека овде постои можност за некакво чудо. Само разочарување, лутина и фрустрација. Од друга страна, бес и лутина. бидејќи тоа е навистина неправедно“, изјави Исинбаева во интервју за „Р-Спорт“.
„Надежта речиси ја нема“, додаде таа, истакнувајќи дека, и покрај тоа што животот не зависи од тоа, сепак на човека му е „едноставно криво кога некој друг донесува одлуки за него“.
Исинбаева исто така смета дека во одлуката на ИААФ е вмешана и политиката.
„Едно можам да кажам: колку силно да тврдат дека таму не е замешана политиката, на мој поглед, тоа е чиста политика. И сите тие таму на некаков начин зависат од некого. И јасно е дека оваа одлука беше донесена раководејќи е според нешто, само не од олимписките принципи, не од принципите на спортот. Тоа е недвосмислено“, изјави олимписката првенка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче