САД: Остануваме во Црното море

САД ќе го задржат своето присуство во Црното море и покрај фактот што Русија го гледа ова како закана за регионалната безбедност, изјави министерот за воено-поморски сили на САД Реј Мабус.

Американскиот разурнувач „Портер“  на 6 јуни влезе во Црното море за да учествува во заедничките маневри на НАТО во рамките на операцијата „Атлантска решителност“, што предизвика негативна реакција во Москва.

На пример, директорот на Секторот за европска соработка во Министерството за надворешни работи на Русија Андреј Келин изјави дека присуството на постојани единици на НАТО во Црното Море ќе имаат дестабилизирачки карактер.

„Ако прашањето биде решено во однос на формирањето постојани единици тоа, се разбира, ќе има дестабилизирачки карактер. Ова воопшто не е поморскиот простор на НАТО, нема никаква врска со Алијансата, во Црното Море имаат целосна слобода за пловење. Јас не мислам дека тоа ќе ги подобри нашите односи со НАТО, изјави Келин за нашето матично издание „Росијскаја газета“.

Американскиот министер за воено-поморски сили Реј Мабус го оправдува присуството на американската морнарица во Црното море со потребата да се одврати „агресијата“ и да се зачуваат морските патишта за сообраќај отворени .

„Ние имаме намера да останеме таму. (...) Тоа е главната причина зошто сме таму – да спречиме можна агресија“, Мабус за агенцијата „Ројтерс“.

Истовремео Мабус нагласи дека САД ја почитуваат Конвенцијата од Монтре за статусот на премините според која престојот на воени бродови на нецрноморски земји во Црното Море не треба да надминува 21 ден.

НАТО во своите редови ги има црноморските земји Турција, Романија и Бугарија. На претстојниот самит во Варшава се очекува Анкара и Букурешт да инсистираат на поголемо присуство на силите на НАТО во Црното Море. Бугарија, од своја страна, одби да се приклучи на планот.

„Отсекогаш велев дека сакам да видам во Црното Море рибарски бродови, јахти, големи бродови со туристи, а не арена на воени дејствија ... Мене не ми треба војна во Црното Море“ изјави претходно бугарскиот премиер Бојко Борисов, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња