Путин ги нарече САД единствена суперсила

Претседателот на Русија Владимир Путин рече дека САД се во моментов единствената суперсила, но и дека наведениот статус не им дава право да се мешаат во работите на Руската Федерација.

Америка е голема сила. Во моментов, веројатно единствената суперсила. Ние го прифаќаме тоа. Подготвени сме и сакаме да соработуваме со САД, изјави Путин на Петербуршкиот меѓународен економски форум, пренесуваат руските медиуми.

Рускиот претседател е убеден дека на светот, како и на Русија, им е потребна толку моќна земја како САД.

„Но, нам не ни треба постојано да ни се мешаат во нашите работи, да ни укажуваат како треба да живееме, ја попречуваат Европа да ги гради односите со нас“, истакна Путин и додаде дека антируските санкции и контрасанкциите на РФ не влијаат на САД.

„Тие влијаат на Европа, а на Америка воопшто не влијаат. Меѓутоа, Американците им велат на своите партнери да се стрпат. Зошто да трпат, не разбирам“, рече Путин, пренесува „Взгљад“.

Агенцијата „Блумберг“ претходно соопшти дека антируските санкции ги погодиле европските интереси, додека уделот на САД во трговската размена со Русија е поголем од кога било.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња