Доколку се точни информациите за повиците на американскиот Стејт департмент да се бомбардираат сириските сили, тоа не може да не предизвика загриженост, изјави за новинарите во петокот портпаролот Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков, пренесува РИА „Новости“.
„Доколку во овие соопштенија е барем малку вистинити, а таквите важни прашања во американскиот Стејт департмент навистина се решаваат со гласање на „работниот колектив“, тогаш тоа не може да не предизвика загриженост кај секој разумен човек. И најважното прашање: кој потоа ќе биде одговорен за бомбардирањето? Повеќето од „работниот колектив“ на Стејт департментот? Или ние повторно ќе станеме сведоци на познатата холивудска насмевка, како што веќе се случи и во Авганистан, Ирак и Либија?“, изјави генералот.
Претходно влијателните американски весници „Њујорк Тајмс“ и „Вол Стрит Џурнал“ соопштија дека педесет функционери на Стејт департментот на САД потпишале писмо за интерна употреба со апел да се почне со бомбардирање на владините сили на Сирија. Според нивно мислење, истакнуваат весниците, тоа е единствениот начин на борба со „Исламската држава“ и постигнување на мир во Сирија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче