Претходно во четвртокот Советот на ЕУ ги продолжи за 12 месеци – „до јуни 2017 година, мерките на забрана во однос на Крим и Севастопол во рамките на стратегијата за непризнавање“ на присоединувањето на Крим кон Русија, пренесува „Взгљад“.
Политиката на санкции на ЕУ против Русија се состои од три области: визни ограничувања против руските граѓани, економски санкции против низа руски државни претпријатија од нафтениот, одбранбениот и финансискиот сектор, како и рестриктивни мерки против Крим.
Кремљ претходно истакна дека продолжувањето на санкциите против Русија нема да влијае позитивно на глобалната економија и состојбата на меѓународните односи во целина.
Премиерот на Русија Дмитриј Медведев објави дека наложил да се подготват предлози за продолжување на реципрочните мерки на Русија во однос на западните санкциите до 2017 година.
Одлуката за продолжување на европските санкции против Русија ќе биде официјално објавена во сабота, 18 јуни.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче