Нуклеарниот мразокршач „Арктик“, главен брод на Проектот 22220, беше спуштен во вода во петербуршкиот Балтички завод, пишува РТ. Така заврши најважната фаза од изградбата која треба да заврши во декември 2017 година.
„Арктик“ е меѓу првите нуклеарни мразокршачи кои се потребни за реализација на планот за експлоатација на Арктикот и зајакнување на присуството на РФ во тој регион. Бродовите од Проектот 22220 ќе бидат способни за спроведување на каравани со бродови во арктички услови, пробивајќи мраз до три метри дебелина.
„Арктик“ е најголемиот нуклеарен мразокршач во светот. Должината на бродот е 173,3 метри, ширината 34 метри, има депласман од 33,5 тони, додека екипажот се состои од 75 лица. Нуклеарниот мразокршач ќе биде опремен со два реактора. Главен извор на пареа ќе биде погонскиот систем РИТМ-200 со моќност од 175 мегавати.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче