Тројца руски навивачи осудени на казна затвор во Франција

Судот во Франција осуди тројца Руси на затворски казни од една до две години по нередите во Марсеј пред натпреварот Русија-Англија на Европското првенство во фудбал.

Според информациите на агенцијата „Франс Прес“, осудени се руските државјани Николај Морозов, Сергеј Горбачов и Алексеј Ерунов.

Ерунов, навивач на „Локомотив“ од Москва е осуден на 24 месеци затвор, Горбачов, водач на навивачите на рускиот второлигаш „Арсенал“ од Тула доби 18 месеци, додека Морозов е осуден на 12 месеци затворска казна.

Минатата сабота по првиот натпревар на репрезентацијата на Русија на ЕП 2016 против Англичаните, на марсејскиот стадион „Велодром“ околу 30 руски навивачи го пробија безбедносниот кордон, влегоа на трибината со англиски навивачи, по што почна тепачката.

Во градот исто така се случија судири меѓу навивачите, локалните жители и полицијата. Како резултат на немирите беа повредени не помалку од 30 лица.

УЕФА подоцна условно ја дисквалификуваше репрезентацијата на Русија до крајот на првенството: екипата ќе биде исфрлена од турнирот ако навивачите повторно испровоцираат нереди, пишува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња