Според зборовите на Мацеревич, тоа што не сите ја разбираат „различноста“ на Русија од западните земји, води кон „систематски повторливи грешки“ во стратегијата во однос на Москва.
„Со сета должна почит спрема рускиот народ… Тоа не го минимизира фактот дека таа (Русија) е најголемата закана за безбедноста на светот“, ги цитира информативната агенција PAP зборовите на министерот.
Според неговото мислење, проширувањето на присуството на НАТО на источното крило и претстојниот самит на Алијансата што ќе се одржи во Варшава на почетокот на јули, претставуваат „историска етапа во развојот на НАТО и ја менуваат неговата архитектура“.
Министерот за одбрана на Полска повеќепати има истапено со антируски ставови. Така, на почетокот на јуни министерот изјави дека еден баталјон на Алијансата е способен „да ја одврати Русија“, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче