Милер зборуваше за предностите на „Северен тек 2“ во однос на Украина

Претседателот на управата на „Гаспром“ Алексеј Милер настапи на Петербуршкиот меѓународен економски форум со презентација во која беа пресметани предностите на северниот коридор за испорака на руски гас во Европа во однос на транзитот преку Украина.

„Гаспром“ почна програма за оптимизација на оперативните трошоци во централниот регион. Ова значи дека во централниот коридор се ослободуваат капацитетите кои претставуваат вишок и повлекуваат оперативни трошоци. „Гаспром“ почна програма за оптимизирање на капацитетите во централниот регион која вклучува ликвидација до 2020 година на речиси четири илјади километри магистрални гасоводи во централниот коридор“, ги пренесува РТ зборовите на Милер искажани на сесијата на ПМЕФ.

Според првиот човек на „Гаспром“, до 2020 година капацитетите за транзит низ Украина ќе изнесуваат од 10 до 15 милијарди кубни метри годишно. Како резултат на оптимизацијата „Гаспром“ уште пред 2020 година ќе заштеди 1,6 милијарди долари.

Милер потенцираше дека цената за транспорт на гас преку „Северен тек 2“ е пониска отколку преку Украина. „Тарифата за транспорт за „Северен тек 2“ изнесува 2,1 долар за 1000 кубни метри на 100 километри. Сегашната тарифата за транзит преку Украина за „Газпром“ сега изнесува 2,5 долари. Односно, транзитот преку Украина е 20% поскап отколку преку „Северент тек“, истакна првиот човек на рускиот холдинг.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња