Лавров ги советува САД да бидат потрпеливи околу Сирија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги советуваше САД да бидат потрпеливи во врска со прашањето за Сирија.

На тој начин министерот ја коментираше изјавата на државниот секретар на САД Џон Кери кој изјави дека трпението на Вашингтон е при крај кога станува збор за Асад, пренесува РИА „Новости“.

Подоцна Стејт департментот објасни дека на тој начин Кери ја изразил својата фрустрација од ситуацијата во Сирија.

Лавров, зборувајќи на Петербуршкиот Меѓународен економски форум истакна дека е изненаден од изјавата на Кери. Според него, Русија никому не дала никакви ветувања - страните кои се вклучени во решавањето на сирискиот конфликт се договорија да се раководат според договорите на Меѓународната група за поддршка на Сирија кои се содржани во резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

Во исто време, според рускиот министер, напредок во преговорите околу Сирија нема. „Во секој случај не можат да започнат политички дијалог со учество на сите сириски страни“, изјави Лавров. Тој додаде дека тоа што не може да се седнат сите страни на преговарачка маса, како што е предвидено со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, не е вина на Русија, туку на САД, „кои поради некоја причина не можат или не сакаат да ги притиснете нивните сојузници во регионот, а тие сојузници во регионот  застапуваат ултимативни ставови“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња