Првиот ден од работата на XX Петербуршкиот меѓународен економски форум (ПМЕФ), како што се очекуваше, беше многу интензивен. Во прв ред вниманието на учесниците го привлекоа прашањата за односите меѓу Русија и ЕУ, пренесува ТАСС.
На оваа тема ѝ беше посветен значителен дел од излагањето на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер на отворањето на форумот, како и сесијата на клубот „Валдај“ што се одржа во рамките на ПМЕФ.
Вратите за дијалог меѓу ЕУ и Русија треба да останат отворени, изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер. Тој истакна дека „во овој момент расте степенот на недоверба на едни спрема други“, сепак е „неопходно да се продолжи да се разговара, дури покрај економските санкции“. „И фактот што сум тука денес зборува за тоа дека сакам да изградам мостови“, потенцираше шефот на Европската комисија.
„Не треба да има илузии во однос на тоа какви проблеми има пред нас, опасно е да не се обрне внимание на нив“, истакна тој. „Треба да се надминат несогласувањата“. Јункер е убеден дека европските земји треба да се вклучат во дијалог со раководството и народот на Русија.
Претседателот на ЕК соопшти и дека ќе дискутира со претседателот на Владимир Путин за антируските санкци и изгледите за нивно укинување.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче