Новиот телескоп АЗТ-33 ВМ со видно поле од 2,8 степени, создаден од санктпетербуршката компанија „ЛОМО“, е наменет за барање опасни астероиди. Според зборовите на Борис Шустов, претседател на експертската група за космички закани во Советот на РАН за вселената, телескопот може да најде мал астероид со големина од 50 метри на растојание од една астрономска единица - 150 милиони километри.
„Тоа значи дека на такво растојание може да се открие тело кое според параметрите може да се спореди со тунгузискиот метеорит. Најкусо време за пристап на таквите тела до Земјата од толкава далечина е еден месец, во случај на најлошото сценарио. Но, обично тоа се години. Односно се појавува можност да се откриваат потенцијално опасни тела долго време пред тие да се доближат до Земјата“, изјави Шустов за „Известија“.
Во рамките на Федералната вселенска програма за 2016-2025 година, во Русија е планирано да се создаде автоматизиран систем за предупредување за опасни ситуации во близина на Земјата. Во рамките на проектот ќе се развијат нови технологии и софтверски алатки за откривање на опасни по Земјата небесни тела.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче