Според Столтенберг, НАТО се залага „ за создавање механизам за следење и проверка на ненадејните маневри во Русија“, пишува „Взгљад“.
„Ги видовме соопштенијата во медиумите во врска со новите ненајавени маневри. Во текот на подолг временски период видовме голем број такви вежби. Проблемот со нив лежи во фактот што притоа не се почитуваат договорите, особено Виенскиот документ за следење и контрола на воените вежби. Затоа тие ја поткопуваат воената транспарентност“, рече генералниот секретар на Северноатлантската алијанса.
Според неговите зборови, токму затоа НАТО се залага „за зајакнување на постојните механизми за следење на воените вежби, вклучувајќи и модернизација на Виенскиот документ“.
Ненадејните проверки на борбената готовност на Вооружените сили на Русија се одржуваат од 2013 година по пауза од повеќе од 20 години. Оттогаш овие активности се одржуваат редовно во сите воени единици. Во нив учествуваат илјадници војници и стотици единици воена техника. Во текот на проверките се откриваат одредени недостатоци над чие отстранување подоцна работат командантите.
Во април претседателот на РФ Владимир Путин изјави дека треба да се подигне квалитетот на реализација на задачите за боева обука во текот на ненајавените проверки во Вооружените сили на Русија.
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека ненајавените проверки немаат никаква врска со засилувањето на активностите на НАТО во Источна Европа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче