Московски ресторан меѓу најдобрите на светот

Британскиот магазин „Ресторан“ го рангираше „Бел зајак“ на 18 место на листата од 50 најдобри во светот

Британскиот кулинарски магазин „Ресторан“ (Restaurant) го вклучи московскиот ресторан „Бел зајак“ во својата годишна листа на 50 најдобри ресторани на светот, доделувајќи му го престижното 18 место. Рангирањето се базира на анкета на интернационални шефови, сопственици на ресторани и критичари на ресторани.

„Бел зајак“ нуди современа руска храна, збогатувајќи ја традиционалната кујна со екстравагантни деликатеси како отровен морски полжав од Јалта, кавијар, црноморски школки и кримски тартуфи.

„Шефот Владимир Мухин е предводник на новиот бран млади руски кулинарски таленти. Познат колку според употребата на локалните, сезонски состојки, толку и според неговата харизма, Мухин ги бранува меѓународните води“, се вели на веб-сајтот на листата Топ-50 ресторани.

Сместен во срцето на Москва, „Бел зајак“ им пружа на своите гости восхитувачки поглед од 360 степени на градот од стаклената купола на 16 кат од Смоленскиот проспект на Арбат, Министерството за надворешни работи на РФ, реката Москва и бизнис-комплексот Москва Сити.

Ресторанот влезе на 23 место на минатогодишните Топ-50, добивајќи ја Наградата на највисоко ново рангирање .

Место на листата понекогаш се споредува со ѕвезда од „Мишелин“: резервациите и финансискиот успех значително се зголемуваат за оние кои ќе успеат да се најдат на листата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња