Конашенков исто така истакна дека ненадејната проверка на борбената готовност на Вооружените сили на Русија не ги прекршува меѓународните спогодби и договори, пренесува „Взгљад“.
„Очекувано е што степенот на русофобичната хистерија на некои претставници на Алијансата остро се зголемува во периодот пред самитот на земјите-членки на НАТО во Европа. Очигледно е дека вистинската цел на овие изјави за „руската“ воена закана е намерно поттикнување на паника и одржување на имиџот на расипан непријател и за борбата против него да може да добие колосални воените буџети“, истакна Конашенков.
Генералот истакна дека денешната изјава на генералниот секретар на НАТО е „од серијата финални арии на русофопскиот спектакл за даночните обврзници на земјите-членки на Алијансата, кои ќе треба да го одврзат ќесето за да се борат со имагинарната руска воена закана“.
Претходно во средата директорот на Секторот за европска соработка на МНР Русија Андреј Келин, коментирајќи ја изјавата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, исто така изјави дека Москва информирала за ненајавените воени вежби и затоа нема прекршување на договорите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче