Министерот за спорт на Франција Патрик Канер изјави дека се радува поради можната дисквалификација на фудбалската репрезентација на Русија на Европското првенство.
„Ако дојде до инцидент на трибините со учество на руски навивачи тогаш нивната репрезентација ќе биде дисквалификувана. И мило ми е. Дисквалификацијата е најдоброто средство за борба против хулиганите“, напиша Канер на својот Твитер профил, пренесува „Взгљад”.
„Навистина ми е мило што УЕФА донесе цврста одлука“, додаде министерот за спорт на Франција, истакнувајќи дека во текот на натпреварот меѓу Русија и Словачка на стадионот ќе бидат зајакнати мерки за безбедност.
Подоцна овој коментар беше избришан од Твитер-профилот на францускиот министер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче