„За оценка на борбената и мобилизациска готовност денес од седум часот наутро, во согласност со одлуката на Врховниот командант на Вооружените сили е почната ненадејна проверка. Предмет на проверката се низа складишта за оружје и техника, како и некои органи на воената управа“, изјави Шојгу. Според него, проверката ќе трае до 22 јуни, пренесува РБК.
Министерот за одбрана истакна дека војската треба да биде подготвена за извршување на задачите во вооружени конфликти со различен интензитет и кризни ситуации. Шојгу додаде дека исто така треба да се посвети посебно внимание на мобилизациската компонента на вооружените сили, состојбата на резервните единици и резервите на оружје и воена техника.
Според Шојгу, странските аташеа ќе бидат информирани за проверката.
Кон крајот на мај министерот за одбрана соопшти дека во Вооружените сили ќе бидат воведени нови форми и методи на борбена обука. Тој истакна дека војската ќе биде обучувана со земање предвид на оние „карактеристики и искуството стекнато во Сирија“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче