НАТО одобри четири баталјони на источното крило на Алијансата

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата во вторникот одобрила распоредување на четири мултинационални баталјони во Латвија, Литванија, Естонија и Полска.

„Одлучивме да се зајакне истуреното присуство. НАТО ќе распореди на ротациона основа четири мултинационални баталјони во Естонија, Латвија, Литванија и Полска. Ја поздравувам посветеноста на многуте сојузници (во НАТО) да учествуваат во нив“, рече Столтенберг по завршувањето на состанокот на министрите за одбрана на НАТО, пренесува „Взгљад“.

Претходно тој имаше изјавено дека овие единици ќе бидат под команда на НАТО, а голем дел од секој од баталјоните ќе биде составен од војници на тнр. „водечки земји“. Три од четири баталјони ќе сочинуваат САД, Германија и Велика Британија. Висок претставник на Алијансата во вторникот изјави дека нивното распоредување е веќе можно на почетокот на 2017 година.

Претходно висок претставник на НАТО изјави дека НАТО може да се сместат четири баталјони во балтичките земји и Полска веќе на почетокот на 2017 година, но точните рокови засега се неизвесни.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња