„Во секоја од нив во просек можат да работат од 100 до 500 луѓе. Токму овие бази се имаат предвид кога станува збор за отскочната даска која САД ја подготвуваат во врска со концептот на молневит глобален удар“, истакна сенаторот во интервју за „Лента.ру“.
Според него, подготовката на НАТО за оваа операција се врши „по наредба на САД“. Клинцевич појасни дека овој концепт „предвидува 3500-4000 ракети врз најважните објекти во Русија: командни места, комуникации, фабрики, средства за нуклеарен напад“.
Зборувајќи за објектите на американскиот систем за ПРО во Европа, шефот на Комитетот на Советот на Федерацијата за одбрана и безбедност истакна дека објектите за ПРО се „само маневар за одвлекување на вниманието“, а реално инфраструктурата има двојна намена. Покрај противракетните елементи, на лансирните рампи во Европа потенцијално можат да се користат ракетите „Томахавк“, потсети Клинцевич.
Истовремено тој потенцираше дека „ако некој создава рововски зони, тоа сѐ уште не значи дека утре ќе биде нанесен некаков удар врз Русија“. Сенаторот исто така увери дека, според него, „никаква војна нема да има“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче