Ердоган му напиша писмо на Путин

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му напиша писмо на рускиот претседател Владимир Путин, му го честиташе Денот на Русија и посака руско-турските односи да се вратат на „заслуженото ниво“.

„Почитуван господин Претседател! Во име на турскиот народ Ви го честитам Вам и на сите Руси Денот на Русија и посакувам во најскоро време односите меѓу Русија и Турција да се вратат на заслуженото ниво“, го цитира РИА „Новости“ писмото од Ердоган.

Од своја страна, премиерот на Турција Бинали Јилдирим во писмото до Дмитриј Медведев изрази надеж дека во „времето што доаѓа соработката и односите меѓу нашите народи ќе достигне ново ниво, неопходно за заедничките интереси на нашите народи“.

Ердоган и претходно изрази надеж дека наскоро ќе се подобрат билатералните односи меѓу Русија и Турција. „Се надевам дека ќе се вратиме на старите времиња со поголема подготвеност да соработуваме“, изјави турскиот претседател.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња