Захарова го коментираше масакрот во Орландо

Време е конечно да се решиме: или за човечко сочувство или за сочувство врз основа на социо-политички убедувања, напиша портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија на својата Фејсбук страница.

Не може да се штитат традиционалните вредности ако во човекот нема сочувство, напиша портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова коментирајќи го масакрот во Орландо.

„За жал, милам токму на тоа“, напиша Захарова на „Фејсбук“. „Коментарите од типот „не ми е жал за загинатите во Орландо, затоа што тие се хомосексуалци“ се одвратни. Од онаа страна на границата меѓу доброто и злото се заклучоците од типот „со нивната хомосексуалност самите си ставиле крст на својот живот“.

„А да беа убиени деца со посебни потреби, дали би кажале нешто како „50 паразити помалку? А да беше извршен нападот врз породилно, веројатно ќе треба прво да се испита личната состојба на секоја мајка, напиша Захарова, пренесува „Взгљад”.

„Смачено ми е од луѓе кои мислат дека „сочувство е невозможно, бидејќи ...“ и наведуваат милиони причини. Од она „а сочувствуваат тие со нас?“ до „добија тоа што си бараа“. Затоа што е време конечно да се решиме: или за човечко сочувство или за сочувство врз основа на социо-политички убедувања“, се вели во објавата.

„Чудно се чувствувам кога го пишувам сето ова, но сепак ќе го направи тоа“, пишува Захарова. „1. Прашањата за какви било ориентации не смеат да се решаваат со оружје. 2. Невозможно е да се бранат дури и најправилните, најтрадиционалните вредности, ако во себе немате сочувство“.

Во коментарите другите корисници ѝ се заблагодаруваат за храброста и чесноста.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња