САД со предлози до Русија за зајакнување на примирјето во Алепо

САД испратија предлози до Русија за зајакнување на примирјето во областа северозападно од градот Алепо во Сирија, соопшти портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер.

САД испратија предлози до Русија за зајакнување на примирјето во областа северозападно од градот Алепо во Сирија, каде што првенствено се наоѓаат единици на сириската опозиција, соопшти портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер, пренесува РИА „Новости“.

„Овие дискусии продолжуваат. Ние поднесовме предлози до руската страна, насочени кон зајакнување на примирјето во овие конкретни области северозападно од Алепо. Очекуваме дека Москва ќе одговори на овие предлози“, рече Тонер на брифингот.

Тој не прецизираше во што се состојат предлозите.

Тонер истакна дека зајакнувањето на примирјето во оваа област ќе помогне за поуспешна борба против групацијата „Ан-Нусра“ која ја контролира територијата во другите области околу Алепо.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња