Продажбите на „Рособоронекспорт" течат строго во согласност со распоредот. Планот за продажба за 2016 година од 13 милијарди долари ќе биде исполнет, изјави за РИА Новости во понеделникот извршниот директор на компанијата Анатолиј Исајкин.
„Цифри (денес) нема да ви наведам, бидејќи тоа не може да значи ништо. Работата е во тоа што плановите се прават за една година, а парите пристигаат апсолутно нередовно... Она што е важно – ние одиме строго според распоредот, според планот, нема одложувања, планот ќе биде исполнет“, рече Исајкин.
Тој исто така потврди дека планот на продажби на „Рособоронекспорт“ во 2016 година одговара на износот што беше претходно соопштен од страна на генералниот директор на „Ростех“ Сергеј Чемезов - 13 милијарди американски долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче