Медиум: Полска и балтичките земји разговараат за ПВО за „заштита од Русија“

Полска и балтичките земји започнаа преговори за формирање на регионален анти-ракетен систем за заштита од руски авиони, соопштува весникот „Фајненшел Тајмс“.

Министерот за одбрана на Литванија Јузас Олекас изрази надеж дека системот ќе стане оперативен во рок од две или три години.

„Во преговори сме со претставниците на Естонија, Латвија и Полска на тема создавање на регионален систем за противвоздушна одбрана“, го цитира министерот весникот „Фајненшел Тајмс“.

Како што пишува весникот, балтичките земји се плашат од „зголемувањето“ на руските сили на своите граници.

Претходно, портпаролот на руското Министерство за одбрана генерал-мајор Игор Конашенков изјави дека распоредувањето на ракетните системи „Искандер“ во западниот воен округ на Русија не е во спротивност со кои било меѓународни конвенции или договори.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња