Според авторот на текстот, во последните 15 години американската војска води операции само против лошо вооружени бунтовници сиромашните и слабо организирани терористички организации. Сега таа треба „повторно да научи да им се спротивставува на големи армии“.
Обучувањето во вештини за водење „обични воени кампањи“, кои „Њујорк тајмс“ ги нарекува „војни на минатото“, неопходно е поради јакнењето на воената моќ на Русија и Кина, како и на непредвидливата Северна Кореја.
Затоа, продолжува весникот, во САД се реализираат нови видови на воени вежби во насока на подготовка за да се спречи она што Пентагон го нарекува „хибридна војна на иднината“. Под овој термин САД подразбираат „збир на обични конфликти, побуни и сајбер закани“.
„Кога зборуваат за висок степен на закани, гледате различни нивоа на можности, а Армијата на САД се нема борено против таков тип на противник долго време. Видовите обука во иднина нема да бидат како порано, бидејќи околината е фундаментално поинаква“, изјави началникот на Генералштабот на Армијата на САД Марк Мили.
Според него, идните војни „можат да бидат водени од редовни вооружени сили, специјални сили, партизани, терористи и криминалци, сите заедно, во многу сложени услови, со потенцијално висока густина на цивилно население“.
„Њујорк тајмс“ го наведува мислењето и на претставниците на американската флота за тоа дека во идните воени кампањи е важно да се воспостави контрола над морињата и океаните.
„Кога ќе ја видите обновената конкуренција меѓу државите, треба да се обрне посебно внимание не само на проектирањето на силата туку и на контрола над морето“, изјави американскиот адмирал Џон Ричардсон.
Американската војска последниве години ја обвинува Русија дека води тнр. „хибридна војна“. Американските воени претставници постојано бараат зголемување на буџетот за одбрана на земјата и зајакнување на присуството на НАТО во Источна Европа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче