Француската полиција изврши проверка во хотел со руски навивачи

Во хотелот каде што се сместени членовите на Серуската асоцијација на навивачи влегоа полициски службеници за да извршат проверка“, соопшти претседателот на Серуската асоцијација на навивачи.

Во Марсеј полицијата изврши проверка во хотелот каде што се сместени членови на Серуската асоцијација на навивачи (ВОБ), напиша на својот профил на Твитер претседателот на организацијата Александар Шпригин, пренесува РБК.

„Попладнево во хотелот каде престојува ВОБ, пристигнаа 40 полицајци со автомати, упаѓаа во собите, попишуваа документи, сите ги фотографираа“, напиша тој.

Во неделата, УЕФА отвори дисциплинска постапка против Рускиот фудбалски сојуз. УЕФА објасни дека причина за тоа е инцидентот на стадионот за време на натпреварот Англија - Русија во Марсеј, особено нередите на трибините, употребата на пиротехника и фрлањето факели.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња