„Росатом“ испорача за потребите на државните набавки за одбрана, Министерството за одбрана, „Роскосмос“ и авионската индустрија 117 суперкомпјутери опремени со домашни софтвер. Ова го изјави шефот на државната корпорација Сергеј Кириенко, во интервју за телевизијата НТВ, пренесува „Лента.ру“.
„Има супермоќни компјутери какви што има во федералните нуклеарни центри, и има доволно компактни суперкомпјутери, веќе испорачавме 117. Ова е значително повеќе отколку што беше предвидено со програмата, кога ние правевме“, изјави Кириенко.
Тој истакна дека до денес во државната корпорација има целосно развиен систем за еден суперкомпјутер да може да се направи од домашни материјали, вклучувајќи ги и основната база и софтверот. Кириенко истакна дека во системот може да се користат увезени компоненти.
Државната корпорација „Росатом“ обединува повеќе од 200 претпријатија и научнотехнички организации во руската атомска индустрија. Руската корпорација на крајот на 2014 година беше рангирана на прво место во светот по бројот на планирани реактори за нуклеарни централи - 30 единици, што изнесува 41 отсто од вкупниот број на планирани нуклеарни постројки во светот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче