Нередите на стадионот во Марсеј, каде вчера се одигра фудбалски натпревар меѓу репрезентациите на Русија и Англија, беа предизвикани од англиските навивачи, пишува британски новинар.
Британскиот спортски новинар Сајмон Раунтри соопшти да Англичаните извикувале навреди на адреса на Русија, претседателот на РФ Владимир Путин и тенисерката Марија Шарапова, пренесува РТ.
Уште еден претставник на британските медиуми Мартин Мекинтаер смета дека „реакцијата на руските навивачи не е за изненадување. Видов како двајца англиски навивачи држеа еден Русин, ги соблекоа пред него пантолоните и се избришаа со руското знаме“.
Фудбалерите на Русија одиграа 1:1 со фудбалерите на Англија во натпревар од групната фаза на Европското првенство во фудбал 2016 година во Франција.
Нередите траеја неколку денови пред натпреварот, а беа најинтензивни на денот на мечот. По означувањето на крајот на натпреварот руските навивачи упаднаа на трибините на англиските навивачи.
Претседателот на Серуските навивачи Александар Шпригин соопшти дека против еден руски навивач е покрената кривична постапка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче