Ушацкас: Брисел сака да го задржи пристапот до рускиот пазар

Уделот на Русија во трговската размена со ЕУ последниве години опадна од 10 на 6%, истовремено Брисел сака да го задржи пристапот до рускиот пазар, рече амбасадорот на ЕУ во Москва Вигаудас Ушацкас.

Амбасадорот на ЕУ во Русија Вигаудас Ушацкас истакна дека во текот на многуте патувања низ Русија се уверил дека „апсолутното мнозинство руски бизнисмени и инвеститори сметаат и продолжуваат да сметаат дека Европската унија е главниот економски партнер на Русија“.

Според дипломат, тоа е поткрепено со факти: 46% руската размена отпаѓа на Европската унија, 75% од странските инвестиции во Русија доаѓаат од ЕУ, 70% од руската нафта се продава на пазарот на ЕУ.

„Така што зависноста на Русија од ЕУ е сосема очигледна, како и нашата желба да ја задржиме својата позиција на рускиот пазар од 140 милиони жители. Ние сакаме да го задржиме пристапот до вашиот пазар. Иако, морам да признам, последниве години, учеството на Русија во размената со ЕУ падна од 10% на 6%“ рече Ушацкас во интервју за калининградскиот  портал Прегел.ме“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња