Руската воена морнарица го доби првиот мразокршач по 40 години

Денеска во Санкт Петербург беше свечено спуштен во вода мразокршачот „Илја Муромец“.

Мразокршачот од последна генерација „Илја Муромец“, изграден за потребите на Северната флота на Русија, денеска беше спуштен во вода во Санкт Петербург, соопштува РИА „Новости“.

Како што истакнува агенцијата, ова е првиот во последните 40 години брод од ваква класа изграден за Воената морнарица на Русија.

Мразокршачот ќе влезе во состав на флотата во 2017 година, изјави на церемонијата губернаторот на Санкт Петербург Георгиј Полтавченко.

Изградбата на мразокршачот „Илја Муромец“ почна кон крајот на април 2015 година. Дизајниран е за спроведување на флотата во ледени услови и за влечење. Екипажот се состои од 32 лица, може да помине максимум 60 дена на отворено море.
Мразокршачот го носи името на еден од тројцата најпознати руски средновековни митски јунаци.
 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња