„Нафтогас“ одби да купува руски гас

Понудената цена е превисока за „Нафтогас на Украина, изјави директорот за развој на бизнисот на „Нафтогас“ Јуриј Витренко.

„Нафтогас на Украина“ ја смета цената на гасот понудена од Москва како превисока и нема намера да го купува горивото под тие услови, изјави директорот за развој на бизнисот на „Нафтогас“ Јуриј Витренко, пренесува РИА „Новости“.

Првиот човек на Министерството за енергетика на Русија Александар Новак претходно изјави дека цената на рускиот гас за Украина во вториот квартал од 2016 година изнесува 177 долари за илјада кубни метри, а цената за третиот квартал ќе биде позната во втората половина на јуни.

„Министерот за енергетика на РФ вели дека „Гаспром“ во третиот квартал ќе ни продава гас за 177 долари. Со корекции на калоричната содржина тоа значи дека цената во договорите ќе биде 182-183 долари. Тој смета дека тоа е дури и пониска од пазарната цена. Ние не мислиме така“, напиша Витренко на своејата страница на „Фејсбук“

Според него, на германскиот пазар цената за јули беше пониска од 173 долари, затоа Киев ќе го купи целиот гас на европскиот пазар.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Кремљ нема намера да се меша во преговорите меѓу „Гаспром“ и „Нафтогас“, затоа што треба да бидат комерцијални и деполитизирани по природа.

Претходно неделава „Нафтогас“ се обрати до „Гаспром“ со барање да се обнови снабдување од втората половина на 2016 година до април 2017 година. „Нафтогас“ изјави дека му понудил на „Гаспром“ да потпише анекс на договорот за наредните три квартали, сметајќи ја за економски разумна цената на ниво „хаб минус транспорт“. Според Новак, Русија не добила никакви барања од страна на „Нафтогас на Украина“ со предлог за промена на формулата за одредување на цените и нема да има никакви промени во договорот за испорака на гас.

Украина се откажа од рускиот гас во ноември 2015 година и увезува транзитен гас на од ЕУ, тврдејќи дека тоа е поевтино.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња