Авторот на филмот за допингот во Русија нападна руски новинари

Новинарка на руска телевизија од авторот на филмот бараше да ги открие „тајните“ материјали врз чија основа се изведени заклучоците претставени во филмот, по што режисерот реагираше бурно.

Авторот на филмот за допингот во рускиот спорт Хајо Зепелт во текот на интервју ја нападна новинарската група на ВГТРК (Серуската државна радиотелевизиска компанија) и политичкиот аналитичар Олга Скабеева.

Новинарката бараше од Зепелт да ги открие „тајните“ материјали врз чија основа се изведени заклучоците претставени во филмот. Зепелт одговори дека тој ги нема кај него тие материјали, а потоа почна да ја навредува Олга Скабеева, пишува „Взгљад“.  

Разбеснетиот Зепелт ѝ го грабна микрофонот на новинарката и го фрли низ врата, а потоа го изнесе стативот. Го истурка и снимателот, а потоа рече дека ќе повика полиција и се закануваше дека ќе ја скрши камерата.

„Одете си!“, рече Зепелт и не ѝ дозволи на новинарката да си ги земе своите работи  кои останаа на катот. Тој ја истурка целата снимателска група, се обиде да му одзеде камерата на новинаорт, го скрши микрофонот. Кога новинарите излегоа на улица, авторот на филмот ги следеше уште долго време.

Ноќта меѓу средата и четвртокот телевизијата АРД прикажа филм во кој поранешниот шеф на анти-допинг лабораторијата во Григориј Родченков тврди дека руските спортисти на Олимписките игри во Лондон наводно можеле да се ослободат од обвиненијата за допинг 500 илјади долари кои би оделе за Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (IAAF).

Во понеделникот советникот на министерот за спорт на Русија Наталија Желанова изјави дека Светската анти-допинг агенција (WADA) го сомничи Родченков за земање мито.

Рускиот министер за спорт Виталиј Мутко изјави дека го предупредил претседателот на Светската антидопинг агенција Крег Риди дека Григориј Родченков по смената од функцијата раководител на московската анти-допинг лабораторија ќе замине во САД и оттаму ќе ја обвинува Русија дека сѐ случувало по налог на државата.

Германскиот телевизиски канал АРД на 3 декември 2014 година емитуваше документарен филм во кој се тврди дека руските спортисти масовно користеле допинг. На 7 декември беше прикажан вториот дел од филмот, а на 6 март 2016 година на каналот WDR ARD беше прикажан третиот филм од серијата „Тајниот случај „Допинг“ под наслов „Руски маневар за одвлекување на вниманието“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.