Абхазискиот премиер Артур Миквабија, коментирајќи го референдумот во Јужна Осетија за присоединување кон Русија, изјави дека нема да го следат таквиот пример, затоа што „Абхазија – тоа е друга приказна“.
„Мотивите на Цхинвали се разбирливи. Осетинците се поделен народ, дел сега живее во Русија, а дел во Јужна Осетија. Затоа постои желба за обединување. Кај нас ситуацијата е поинаква. Ние сакаме да бидеме независна држава и истовремено сигурен и верен сојузник на Велика Русија. Ние ја заслуживме својата независност, дадовме за неа илјадници животи на најдобрите синови и ќерки“, изјави абхазискиот премиер во интервју за РИА „Новости“.
Јужна Осетија и Абхазија прогласија независност од Грузија во август 2008 година, по вооружената агресија на Тбилиси врз Цхинвали. Русија го призна суверенитетот на републиките на 26 август 2008. Москва повеќепати има истакнато дека оваа одлука целосно ги одразува тековните реалии и не е предмет на ревизија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче