Претседателот на Државната Дума на Русија Сергеј Наришкин смета дека француската влада мора да обрне внимание на штотуку донесена резолуција на Сенатот која повикува на постепено укинување на санкциите против Руската Федерација во согласност со спроведувањето на „Минската спогодба“ за решавање на проблемот во Украина.
Сергеј Наришкин е убеден дека француската влада има позитивно мислење за резолуцијата на Сенатот.
„Во свеста на европските политичари и парламентарци полека почнува да преовладува мислење спротивно на антируската реторика и русофобија, а одлуката на францускиот Сенат спаѓа во таквите тенденции“, изјави претседателот на руската Дума.
„Владата сигурно нема да биде во можност да го заобиколи мислењето на пратениците“, рече Наришкин.
Според него, Франција е правна држава, а во секоја правна држава мора да биде земено предвид мислењето на Собранието.
Резолуцијата, која има советодавен карактер, беше усвоена со мнозинство на гласови, пренесува нашето матично издание „Росијскаја газета“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче