Медиум: Русија заработи од храна повеќе отколку од оружје

Русија му придава големо значење на намалувањето на зависноста од странски производи и успешно се трансформира во важен извор на економскиот раст и стабилна вработеност, пишува агенцијата „Блумберг“.

Благодарение на ембаргото на странски прехранбени производи, огромните субвенции и слабата рубља, некои руски земјоделски гранки почна да даваа поголеми приходи отколку нафтата и продажбата на оружје, пишува агенцијата „Блумберг“.

Успехот на руското земјоделство се објаснува со тоа што во последно време владата има за цел да ја намали зависноста на Русија од неконтролираниот пазар. Покрај тоа, импресивен поттик на индустријата ѝ дадоа конфронтацијата меѓу Москва и Анкара и делумната забрана за увоз на турските производи, станувајќи на тој начин „благослов за земјоделците“, истакнува агенцијата.

Главното достигнување на руската производствена стратегија стана рекордната продажба на житните култури. Русија ги претекна САД, станувајќи годинава најголем извозник на пченица. Овој значаен настан беше проследен со високи приноси на пченка, ориз, соја и леќа. Високите приноси, во комбинација со слабата рубља доведе до тоа што приходите од извозот на храна се покажаа поголеми од оние од продажбата на оружје.

Покрај тоа, со зголемувањето на извозот импресивно се намалува увозот - од 2013 година Русија ја намали набавката на странски прехранбени производи за околу 40 проценти.

Русија му придава големо значење на намалувањето на зависноста од странски производи и успешно се трансформира во важен извор на економскиот раст и стабилна вработеност, заклучува изданието.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња