Медиум: Русија може да го порази НАТО за 60 часа

Руските сили би можеле да ги заземат главните градови на балтичките држави за помалку од три дена, изјави помошникот на заменик-министерот за одбрана на САД Мајкл Карпентер.

Русија би можела да го порази на НАТО за 60 часа, изјави во интервју за американското издание на „Викли Стандард“ помошникот на заменик-министерот за одбрана на САД Мајкл Карпентер.

Официјалниот претставник, кој е одговорен за Русија, Украина и Евроазија, потврди дека податоците од извештајот РАНД, кои укажуваат на тоа дека руските сили би можеле да ги заземат главните градови на балтичките држави за помалку од три дена, се точни.

„Мислам дека од моментот на објавувањето на извештајот РАНД ситуацијата не се промени многу“, вели Карпентер.

Според Карпентер, главната предност на Русија е географската предност: „Ако Русија се обиде со вооружена агресија во Прибалтикот, таа ќе има јасна предност во време и растојание. (...) Ние работиме на тоа, ќе распоредуваме војници и техника за ефикасно да спречиме агресија од страна на Русија“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња