На големи воени вежби „Анаконда“ на НАТО во Полска, командантот на Армијата на САД во Европа Бен Хоџис изјави дека за да може американската армија да реагира брзо на заканата од Русија, на Полска ѝ се потребни првокласни автопатишта, соодветни на стандардите на ЕУ и аналог на Шенген зоната за војската, соопштува ТВ „Ѕвезда“.
„Во случај на конфликт ние треба брзо да ги концентрираме војските, брзо да ги здружиме силите, да го сториме тоа за околу 72 часа, а при сегашните околности, исполнувањето во тој рок е нереално“, изјави американскиот генерал.
На 7 јуни во Полска почнаа најмасовните маневри во историјата на земјата. Во нив учествуваат 31000 војници од 24 земји. Маневрите имаат за цел да ја проверат реакцијата на армијата на евентуална агресија од страна на Руската Федерација во однос на НАТО-пактот на исток.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче