„Ние му придаваме големо внимание на развојот на руско-казахстанските односи во сферата на противвоздушната одбрана. За зајакнување на единствениот регионален систем за ПРО испорачавме бесплатно антиракетни системи С-300ПС и ракети за нив“, ја цитира ТАСС изјавата на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на средбата со казахстанскиот колега Имангали Тасмагамбетов.
Шојгу изјави дека воено-индустрискиот комплекс на Русија и Казахстан имаат одлични перспективи за соработка. „Наш приоритет е создавање сигурен одбранбен потенцијал кој ќе биде во состојба да се спротивстави на сите предизвици и закани“, изјави рускиот министер.
На состанокот на министрите за одбрана од Шангајската организација за соработка во Казахстан Шојгу им предложи на партнерите да се договорат за дополнителни мерки во борбата против меѓународниот тероризам. „Во овие тешки времиња, кога ги чувствуваме постојаните предизвици и гледаме голема и сериозни закани во Централна Азија, Југоисточна Азија, Сирија, Авганистан, важно е подеднакво да ја проценуваме ситуацијата и да заеднички да реагираме во борбата против тероризмот“, рече Сергеј Шојгу.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче